澳门皇冠棋牌

Skip navigation
Каде се наоѓаме

Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Клучни приоритети на Мисијата се да ги подобрува конструктивните меѓуетнички односи и да го поддржува и во иднина спроведувањето на Охридскиот рамковен договор од 2001 година и неговите основни постулати: анти-дискриминација, образование, децентрализација, правична застапеност, помалите заедници и употребата на јазиците. Мисијата работи со институциите за спроведување на реформите во областа на изборите, демократското полициско работење, локалното владеење и судството. Мисијата мониторира и спроведува редовни посети на локалните заедници и одржува комуникациска мрежа со политичките претставници, членовите на граѓанското општество, верските лидери и полицијата.
Летната школа за толеранција и недискриминација, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, беше ретка прилика за разновидна група млади да истражуваат различни начини за борба против дискриминација и говор на омраза.
Фондот Градиме мостови поддржан од ОБСЕ продолжува оваа година со отворен повик за грантови за учениците, наставниците и училиштата кои планираат да организираат заеднички активности со ученици од сите заедници и различни наставни јазици.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Фудбалската федерација (ФФМ), започна кампања против нетолеранција на и вон фудбалските терени, чија цел е подигање на јавната свест за штетните ефекти на говорот на омраза за време на фудбалските натпревари.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше обука за промовирање на поголемо учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки.